Прскање против комарците во штипско-карбинскиот регион

Утре од 5 до 8 часот во Штип и Карбинци ќе се изврши авионско прскање против комарците, информираат од Центарот за јавно здравје-Штип.
Ларвицидна дезинсекција ќе се изврши на површините каде има застојни води во пределот на поранешна фабрика ,,Македонка”, на собирниот резервоар на вода за наводнување во населба Три чешми, површини каде гравитационо се собираат отпадни - комунални и атмосферски води, помеѓу населба Баби и населба Сењак 4 заедно со површината кај ОУ „Димитар Влахов”. Вкупната површина која ќе биде третирана е 75.358 м2.
Адултна дезинсекција ќе се врши по течението на река Отиња и Брегалница, поточно на целата долина и на околните зелени површини во Ново Село, Бања Кежовица, пешачка патека на река Брегалница и населба „8-ми Ноември”.
-Дезинсекција ќе се примени и во населбата „Дузлак”, по течението на река Лакавица почнувајќи од селото Лакавица па низводно и на поплавените површини од Раданска река во околината на село Радање, во Карбинци, Таринци и другите површини од овој дел, се вели во соопштението на Центар за јавно здравје-Штип.
Авионското прскање против комарците се прави во соработка со Министерството за здравство.
Од општините велат дека независно од акцијата на центарот во текот на наредните недели согласно тендерските постапки и тие ќе извршат авионско третирање против овие инсекти, бидејќи граѓаните се жалат на голема наезда на комарци.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
