Прскање против комарци во Пехчево

Екипи од Центарот за јавно здравје од Скопје, вечерва во Пехчево ќе го извршат првото прскање против комарци коеќе биде теристичко, а ќе се извршува во периодот од 21 до 1 часот по полноќ.
Живко Каликов од општина Пехчево информира дека границата на третирање започнува од северо-запад од атарот на село Чифлик и течението на река Писа во правец на Пехчево.
- Ќе бидат опфатени сите зелени површини во градот, сообраќајници, места за одмор, протечни, стоечки води и слично. Од градскиот стадион и градските гробишта третирањето ќе продолжи во правец на север, северо-исток кон местото викано Елата и село Негрево. Во насока на југ и југо-запад третирањето ќе се спроведе кон индустриската зона за мало стопанство, месноста Бодовица и градската депонија, истакна Каликов.
Тој апелираше до пчеларите од Пехчево и околните места, во периодот на третирањето да ги обезбедат своите пчелни кошници заради избегнување на можноста од негативни влијанија, односно безбедноста на пчелните семејства.
Според најавите, второто прскање против комарци во Пехчево ќе се изврши во август.
Ново на Сител
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
