-->
-->
Прскање против комарци во Делчево
-->
Општина Делчево вечерва од 22 часот ќе врши теристичко прскање против комарци на површина од 200 хектари при што ќе бидат опфатени освен урбаниот дел на градот и руралните средини каде што има штали и фарми.
Како што информираше Кире Цоневски, советник за заштита и спасување при oпштина Делчево, на планираните за третирање 100 хектари се додадени уште 100 хектари во руралните подрачја поради опасноста од појава и ширење на болеста Јазлеста кожа кај кравите.
- Вечерва ќе се прска со појак препарат и бидејќи болеста веќе предизвикува огромни штети кај сточарите, ние имаме обврска да преземеме мерки со кој ќе ги уништиме ностителите на вирусите, односно против заразно преносливи инсекти. Поради болеста јазлеста кожа кај кравите, ќе се прска во руралните средини онаму каде што има фарми и штали, рече Цоневски.
Во урбаниот дел ќе се прска на површина од 100 хектари.
- Река Брегалница со притоки, Езеро мотел Кула, Река Габровчица, Звегорска Река, Чаршиски ендек, Пустевски ендек, Манастирски ендек, Грозданец ендек, село Вирче, село Тработивиште, а и други места каде што ќе има потреба, рече Цоневски.
Од општината апелираат до сопствениците на пчелни семејства кои треба да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите од евентуални последици кои можат да настанат од предвиденото теристичко прскање со аеросолни препарати. Теристичкото прскање ќе го извршат стручни екипи од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“, Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари