Прскање против комарци утре во Крива Паланка, Ранковце и Кратово

По две одложувања поради неповолни временски услови, утре ќе се изврши авионско прскање за заштита од комарци во општините Крива Паланка, Ранковце и Кратово.
Во Крива Паланка прскањето ќе се спроведе во раните утрински часови, во периодот од 5 до 8 часот, а од локалната самоуправа на општината ги известуваат пчеларите во времето на прскање и три до четири часа подоцна да ги затворат кошниците со пчели, поради можноста од влијание на средството со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства.
И во Кратово почнувајќи од 4:30 до 8 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци на територијата на општина Кратово. Од општината информираат дека со третирањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од село Кетеново низводно по реката и целото градско подрачје. Ги повикаа пчеларите во наведениот период и до четири часа по истиот да ги заштитат пчелните семејства.
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.
Ново на Сител
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
