Протокот на лава од вулканот на Ла Палма станува посилен и побрз
Протокот на лавата од вулканот на шпанскиот остров Ла Палма денеска стана посилен и многу побрз, јави ДПА.
Вулканолошкиот институт на Канарските острови, Инволкан информира за „цунами од лава“, коментирајќи видеа од вулканот. Сепак, геологот Хозе Мангас, професор на Универзитетот во Лас Палмас де Гран Канарија, нагласи дека оваа слика е донекаде искривена.
– Во овој случај, не можеме да зборуваме за цунами, туку за текови на лава, со температура од повеќе од 1.200 степени Целзиусови, кои течат многу брзо поради стрмниот терен, изјави тој за државниот ТВ канал РТВЕ.
Вулканот еруптираше на 19 септември за прв пат по 50 години. Ерупцијата стана поинтензивна во последните денови, со повторени експлозии што фрлаа магма во воздухот, а чад се крева и до неколку километри висина.
Експертите велат дека не е можно да се предвиди кога ќе запре ерупцијата.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток
-
СДСМ нема да гласа за разрешувањата во судството
-
Нов закон за сезонски работници
-
Со 1,6 милиони евра Штип ќе го реконструира акрополот на Исарот
-
Преглед на вестите од светот
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација