Противпожарни екипи спасиле девет луѓе во пожар во центар за бегалци во Германија
Брзата интервенција на противпожарните екипи спречила трагедија во центар за сместување на бегалци во градот Валтроп во западниот дел од земјата.
Според полицијата, се уште нема официјална потврда за причините за пожарот, но претходните искуства во десетици прифатни центри за бегалци низ Германија укажуваат дека се работи за подметнат пожар, јавува дописникот на МИА од Берлин. .
Пожарот кој рано изутрина го зафатил контејнерот кој се користи како сместувалиште за бегалци се случува еден ден откако на исток на земјата во градот Бауцен дојде до пресметка меѓу бегалци и припадници на неонацистичка група.
Во сличен пожар во Бауцен кој се случи во февруари локалните жители ги спречиле пожарникарите да го изгаснат огнот. За најголем дел од подметнатите пожари во Германија полицијата не може да ги пронајде виновниците.
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?