-->
-->
Противници по мерка за македонските претставници во европските купови
-->
Денеска во Нион беа извлечени квалификациските двојки за ЛШ и конференциската лига. Македонските претставници добија противници од Литванија, Летонија и Велс. Нашата земја нема претставник во Лига Европа.
Во конкуренција на доста силни противници, македонскиот првак Струга Трим Лум во првото квалификациско коло ќе игра со првакот на Литванија, Жалгирис , екипа која во последните три години е најдобра во својата земја а минатата сезона играше и во групната фаза во конференциската лига.
Македонија ќе има три претставника во конференциската лига. Освојувачот на куп трофејот Македонија ЃП ќе игра против летонскиот претставник РФС Рига додека Шкупи како и Струга ќе игра со претставник на Литванија, овојпат екипата на Хегелман која е без поголемо искуство на европската сцена.
За Шкендија некако традиционално се извлекуваат екипи од Велика Британија. Екипата од Тетово по ТНС повторно ќе игра со претставник на Велс овој пат малку познатиот Хаверфордвест кој по вторпат ќе игра на меѓународната сцена во својата историја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена