Протестни собири на ВМРО-ДПМНЕ во неколку градови

Пред седиштето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид синоќа се собраа членови и симпатизери да го изразат својот револт, од како што велат, непринципиелната политика на СДСМ и опасноста од редефинирање на државата.
Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид Љубен Арнаудов, рече дека нема да дозволат двојазичност, разнебитување, федерализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ и партиите на Албанците.
- Ние тука го креваме гласот и кажуваме дека постоиме, враќање нема ние ќе застанеме на браникот на татковината. Упатуваме апел до сите граѓани да се освестат бидејќи се работи за постоењето на Македонија, изјави Арнаудов.
Од ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид најавија дека ќе го мобилизира целото свое членство, а протестите ќе продолжат и ќе бидат помасовни, како и дека нема да дозволат да бидат загрозени интересите на државата и на македонскиот народ.
Слични собири вечерва се одржаа и во Битола, Ресен, Велес, Струга, Кавадарци, Прилеп, Куманово, Скопје и други градови.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
