Македонија
14. October 2020 - 21:20

Протести во Трубарево - Бараат заштита од „Патот на смртта“

По трагичната сообраќајка во скопско Трубарево во која загинаа 40-годишен мотоциклист и 10-годишно дете, жителите на овој дел од Скопје попладнево излегоа на мирен протест. Во знак на револт 1 час го блокираа патниот правец кон Петровец поради големиот број на жртви кои животот го загубиле на кко што велат „Патот на смртта”.

Бараат секојдневна радарска контрола од МВР и поставување на соодветна сообраќајна сигнализација со таканаречени лежечки полицајци. Исто така до Собранието ќе поднесат граѓанска иницијатива за измени на законот за сообраќај.

Експертите за сообраќај се категорични дека не треба да има толеранција кон несовесно возење и под дејство на алкохол или психотропни супстанции.

Во неделата возачот кој ја предизвика сообраќајната несреќа со две жртви во Трубарево го управувал автомобилот под дејство на алкохол.