Протести во повеќе европски градови поради имиграциската забрана на Трамп
Илјадници Европејци огорчени од забраната на американскиот претседател Доналд Трамп за влез во САД на мигранти од седум доминантно муслимански земји, вчера демонстрираа во повеќе европски градови.
Во Лондон се оддржа најмасовниот протест, на кој се собраа околу 10.000 лица, пренесоа француските медиуми.
Илјадници демонстранати маршираа од американската амбасада во Лондон до зградата на Парламентот, барајќи од владата да ја повлече поканата до американскиот претседател за посета на Велика Британија, пренесуваат американските медиуми.
Како што се наведува, демонстрантите извикуваа „Тереза Меј, срам да ти е“.
Критичарите на британската премиерка, Терезе Меј, негодуваат уште од нејзината посета на Вашингтон, кога таа и ги потврди плановите за возвратна посета на Трамп на Обединетото кралство, во текот на летото.
Во Париз и Берлин на протестите излегоа по околку илјада лица, додека помали собири беа оддржани и во неколку британски градови вклучувајќи ги Манчестер и Бирмингем, пренесуваат француските медиуми.
Повеќе стотици демонстранти се собраа и во шведската престолнина Стокхолм, како и во Барселона.
Ново на Сител
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар
-
Сквернавење на гробишта
-
Мицкоски: Народот е желен за правда, затоа може да протестира против Судски
-
Уставен спремен за подготвителната седница – домашни и странски експерти ќе дадат оценка за Законот за јазици
-
Бугарија испрати политичка порака деке не е заинтересирана за железничко поврзување со Македонија
-
Политичкиот притисок врз ССМ ќе се одрази во извештајот за напредокот на Македонија