Протести во Могадишу поради вчерашниот самоубиствен напад
Илјадници граѓани на Могадишу денеска протестираа поради вчерашниот самоубиствен напад со камион-бомба, во кој досега загинаа најмалку 231 лице.
Граѓаните го одржаа протестот на местото на нападот, што се смета за најсмртоносниот во историјата на Сомалија.
Сомалиските доктори се обидуваат да им помогнат на стотиците тешко повредени лица.
Полицискиот началник Мухамед Хусеин, наведе дека голем број луѓе им подлегнале на повредите в болница.
При вчерашниот самоубиствен напад во Могадишу, биле уништени десетици автобуси на јавниот превоз и околу 100 автомобили. Причинета била огромна штета и на околните згради.
Сомалискиот министер за информации, Абдирахман Јарисоу го осуди „ужасниот напад на терористите“, обвинувајќи ја за тоа екстремистичката група Ал Шабаб, и покрај тоа што се уште никој ја нема преземено одговорноста.
Ново на Сител
-
ОЈО Битола доби нов Истражен центар за борба против најтешките и најсериозните облици на криминал
-
Николоски: Клучната разлика меѓу оваа и претходната влада е што сега се испорачуваат резултати, откочени се проектите од коридорите 8 и 10
-
Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ
-
До 13 часот изгаснати четири пожари, еден активен во Берово
-
Украинскиот парламент усвои закон со кој се обезбедува независност на антикорупциските надзорни тела
-
Зеленски повика на „промена на режимот во Русија“ и конфискација на рускиот имот
-
Комисијата за избори и именувања распиша јавен оглас за нов претседател на ДКСК по оставката на Димитровска
-
Во јуни раст од 22.5 % во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун