Протести во Кашмир, врз полицијата фрлано со камења

Стотици лица денеска протестираа во индискиот дел на Кашмир, додека владата во Њу Делхи го увери Врховниот суд дека ситуацијата во спорниот регион е под контрола и дека широките безбедносни рестрикции ќе бидат укинати во следните неколку дена.
Демонстрантите носеа зелени мулсимански знамиња и транспаренти со натписот „Запрете го геноцидот во Кашмир. Свету, пробуди се“, марширајќи по улиците на Шринагар, главниот град на Кашмир, што под контрола на Индија.
Дел од демонстрантите фрлаа камења врз безбедносните, на што тие возвратија со солзавец.
Индиската Влада претходно денеска најави дека во следните неколку дена ќе ги укине ограничувањата за слободно движење и за комуникаиците, бидејќи во текот на овој месец во цел Кашмир се укинати сите телефонски врски и Интернетот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
