Протести пред седиштето на УСАИД во Вашингтон по заканите за затворање на агенцијата
Околу илјада луѓе се собраа синоќа пред седиштето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) на гласен протест откако претседателот Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск од Одделот за ефикасна влада (ДОГЕ) забранија влез на вработените во седиштето на агенцијата.
На протестот се придружија и неколку членови на Конгресот како сенаторите од Мериленд Крис Ван Холен и Џејми Раскин кои споделуваа информации за тоа што се случува со УСАИД. Тие изјавија дека влезот во седиштето бил затворен и заграден со жолта лента, и дека биле одземени компјутерските сервери додека веб-страницата на УСАИД е исклучена, а исплатите за некои договорни изведувачи запрени.
Демократите го обвинуваат Маск за „демонтажа“ на агенцијата.
Според законодавците, ваквите постапки се незаконски, скандалозни и неуставни. Тие истакнаа дека агенцијата била создадена со акт на Конгресот кој одлучува дали треба да биде затворена или не.
-Како член на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, го повикувам претседателот Трамп и неговиот државен секретар Марко Рубио да престанат со оваа глупост и да го почитуваат законот. Неразумните постапки на претседателот Трамп и Илон Маск за затворање на вратите на УСАИД се срамни, збунувачки и продолжение на произволните чистки на оваа администрација против долготрајните владини напори за помош на најранливите луѓе во светот, изјави Квеси Мфуме, демократки член на Претставничкиот дом.
Белата куќа и Маск се соочени со судски тужби од неколку организации за заштита на федералните работници.
Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот.
Како што јави Си-Ен-Ен, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, рече дека претседателот Доналд Трамп потпишал затворање на агенцијата.
Рубио рече дека „функциите на УСАИД“ мора да се усогласат со надворешната политика на САД и оти таа е „агенција која воопшто не реагира“.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот