-->
-->
Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Велес
-->
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Велес организира мирен протестен марш.
Подржан од мноштво граѓани, маршот почна од споменикот на Панко Брашнаров и продолжи по главната велешка улица до центарот на градот.
Собраните граѓани како и изминатите десет дена, достоинствено ја искажааа својата решеност за, како што рекоа, зачувување на унитарноста на Македонија преку одбрана на Уставот, државното име, грбот и знамето.
Од името на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се обрати д-р Славица Трајкова. Потенцира дека граѓаните на Велес се цврсто решени во својата единствена цел. - Нашата унитарност, македонскиот јазик, Уставот, грбот и знамето се нешто најсвето за нас Македонците кои ја сакаме својата татковина, рече Трајкова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството