Македонија
11. March 2017 - 20:29

Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Велес

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва во Велес организира мирен протестен марш.

Подржан од мноштво граѓани, маршот почна од споменикот на Панко Брашнаров и продолжи по главната велешка улица до центарот на градот. 
 
Собраните граѓани како и изминатите десет дена, достоинствено ја искажааа својата решеност за, како што рекоа, зачувување на унитарноста на Македонија преку одбрана на Уставот, државното име, грбот и знамето.
 
Од името на  граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се обрати д-р Славица Трајкова. Потенцира дека граѓаните на Велес се цврсто решени во својата единствена цел.  - Нашата унитарност, македонскиот јазик, Уставот, грбот и знамето се нешто најсвето за нас Македонците кои ја сакаме  својата татковина, рече Трајкова.