Протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Куманово

Мирно заврши маршот што го организираше денеска граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Куманово.
Граѓани масовно се приклучија на маршот од пред Соколанскиот парк, а се движеа низ централните градски улици, пеејќи македонски патриотски песни. Побараа да не се воведува двојазичност и да се зачува унитарниот карактер на државата. Протестот финишира пред плоштадот кај Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
- Овде сме да ја одбраниме Македонија, таква каква што ни ја оставија нашите претци. Не се работи за политичка партија, за функции, туку за нешто големо. Се работи за нашата татковина - Македонија, рече Миомир Панковски од иницијативата и изрази јавна благодарност до претседателот на државата Иванов за донесената одлука да не и го довери мандатот за формирање влада на СДСМ.
Според него, не ни требаат олеснувачи, преговарачи кои не ја осудија платформата донесена постизборно, а граѓани од други етнички заедници како Србите, Бошњаците, Ромите се приклучуваат кон иницијативата.
- Не сме против Албанците, туку за соживот на сите кои живеат во Македонија. Доста е со сите манипулирања во овие изминати две години, а круна на сето тоа е платформата што се појави по изборите, потенцира Панковски.
Македонците додаде, бараат унитарна, мултиетничка, мултикултурна и суверена независна Македонија во која сите заедно ќе живеат. Апелира граѓаните да излезат и да се придружат во одбраната на Македонија, оти друга држава, како што нагласи, немаме.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
