Протест во Минск против руско-белоруските воени вежби
Над 300 жители на Белорусија протестираа вчера против воените вежби, организирани од Москва и Минск, кои ќе се одржат во Белорусија и кои веќе предизвикаа реакции од страна на НАТО.
Демонстрантите се собраа во центарот на Минск и носеа транспаренти на кои беше испишано „За една мирна Белорусија“ и „Руски војници, вратете се дома, тука нема водка!“.
- Една странска армија доаѓа во нашата земја и тие ќе вежбаат да се судираат со нашите соседите, со кои ние живееме во мир долго време, со Украина, Полска, Летонија и Литванија, изјави Микола Статкевич, еден од лидерите на белорусата опозиција, која повика на протести против вежбите.
Москва соопшти дека во вежбите Запад-2017 ќе учествуваат 12.700 војници, од кои 7.200 белоруски и 5.500 руски. Вежбите почнуваат на 14 септември и ќе траат до 20 септември. Минск најави дека во вежбите учествуваат 13.800 војници и прецизира дека руските војници по завршувањето на вежбите ќе си заминат за Русија.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори