Македонија
30. September 2020 - 20:07

Протест во Битола за поддршка на полициските службеници

Со двочасовен „Синдикален мото марш“низ битолските улици, Независниот синдикат на полицијата денеска даде поддршка и побара да се вратат на работа битолските полициски службеници против кои имаше кривична пријава и дисциплински мерки за настанот од минатата недела. Оттаму бараат од надлежните да се преиспитаат одлуките, но и да се земат предвид сите видео снимки од социјалните мрежи.

Претставниците на полицискиот синдикат во 17 часот застанаа со автомобилите пред полицијата и јавното обвинителство, а потоа се приклучија на граѓанскиот мирен марш кој во меѓувреме започна по Широк Сокак па се до СВР Битола. „Поддршка за полицијата“, „Полицијата е столб надржават“, Напад на полицијата, напад на државата“ беа само дел од транспарентите кои можеа да се видат на маршот. Граѓаните кои беа дел од него апелираа до министерот Оливер Спасовски да ги разгледа нивните барања кои ќе му ги испратат писмено. Во своето обраќање пред присутните, истакнаа дека во последно време има се позачестени напади врз полициските службеници.

Како што рекоа, како симболичен чин, им подарија цвеќе на присутните полициски службеници пред СВР Битола со цел да ја искажат нивната благодарност кон припадниците на полицијата.