Протест во Аеродром по одлуката за дисперзија на лекувањето зависници
Пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска се одржа мирен протест во знак на револт од одлуката на Министерството за здравство метадонска терапија на зависници да се дава во општината каде живеат.
Учесниците на протестот истакнаа дека одлуката на ресорното Министерство е неприфатлива затоа што во близина на поликлиниката има градинки и училишта. Побараа да се отворат посебни места со таа намена и сугерираат тоа да бидат локации што не се многу населени.
Протестот беше организиран од „Граѓанската иницијатива-Гласот на Аеродром“.
Министерството за здравство завчера соопшти дека се во тек подготовки за дисперзија на дел од пациентите вклучени во Програмата за третман и превенција од зависности во Центарот во Кисела Вода и оти тие ќе бидат распределени согласно со општината во која живеат и според локациите на кои ќе бидат пунктовите. Дисперзија ќе следи во општинските пунктови што се наоѓаат во поликлиниките „Јане Сандански“, во населба Ченто и Бардовци и во Градската општа болница „8 Септември“ во Карпош.
Според Министерството, се решава децениски проблем со Центарот за зависности во Кисела Вода.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа