Протест пред Владата и пред ОЈО за скандалот на Онкологија

Денес во 18 часот повторно ќе има протест пред Влада по скандалот на Клиниката за онкологија.
Граѓаните преку протестот ќе го искажат гневот и револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија.
Протестот ќе биде предводен од неформалната група „Протест против убиството на онкологија“ од Влада ќе продолжи пред Зградата на ОЈО каде ќе се бара СУДСКА РАЗРЕШНИЦА за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија.
Граѓаните ќе бараат:
1. ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела
2. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев
3. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија
4. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија
5. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија
6. Вклучување на онколошки пациенти кои ќе имаат увид во самата истрага.
Ново на Сител
-

Салах, најверојатно, го одигра последниот натпревар за Ливерпул
-

Алонсо: Сè уште не сум подготвен да ја завршам кариерата во Ф1
-

Трамп: Напаѓачот е „болен човек кој ги мрази христијаните“
-

Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија
-

Измените на законот за пратениците пред Законодавно-правната комисија
-

Сончево и топло, од утре до крајот на неделата дожд
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
-

ПМФЛ: Вардар сигурен против Тиквеш, Пелистер победи во Струмица
