Протекоа снимки од сетот на новото продолжение на „Војна на ѕвездите“
Освен во Ирска и Велика Британија, новото продолжение на „Војната на ѕвездите“ се снима и во хрватскиот град Дубровник, од каде на социјалните мрежи се појавија снимки од сетот за кои се тврди дека е сцена на погребот на Хан Соло.
Еден „јутјубер“ тврди дека добил снимки од локација во Дубровник на кои се гледаат ликовите од филмот како му оддаваат почест на некој покојник, по што тој заклучил дека станува збор за „погребот на Хан Соло“.
Тој објави фотографија на која се гледаат ликовите од филмот облечени во црно, што, според него, наведува на заклучокот дека станува збор за погреб.
„Војна на Ѕвездите Епизода 8: Последниот Џедај“ во кинате треба да пристигне кон крајот на годината, а дали главниот лик Хан Соло навистина ќе биде погребан останува да се види.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи
-
Утре седница за избор на нова влада
-
Жените на македонската политичка сцена
-
Овчеполието повторно без вода за наводнување, посевите интензивно се сушат