Прослава во Северна Кореја по повод успешната проба на првата хидрогенска бомба
Десетина илјади севернокорејски војници и цивили се собраа денеска на плоштадите и во салите на Пјонгјанг со цел, во организација на државата, масовно да го прослават изведувањето на четвртата нуклеарна проба.
Луѓето танцувале по улиците, а државните медиуми јавуваат дека на прославата присуствувале и високите членови на државното раководство вклучувајќи го и премиерот Пак Понг Ју, пренесува Танјуг.
Најмногу граѓани, околу 100.000 според проценките на државните медиуми, се собрале на плоштадот „Ким Ил Сунг“ кој е именуван по покојниот основоположник на земјата и дедо на сегашниот лидер Ким Јонг Ун.
- Воодушевено го славиме историскиот национален настан на успешно изведена прва проба на хидрогенска бомба, пишувало на транспарентот под кој стоеле севернокорејските војници.
Се уште не е познато дали на прославата присуствувал и севернокорејскиот претседател Ким.
Официјален Пјонгјанг пред два дена соопшти дека ја извеле својата прва успешна проба на минијатурна хидрогенска бомба, што се уште не е потврдено, но следеа осудувања од сите страни на светот.
Ново на Сител
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот
-
Потребна е поголема грижа за талентираните деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти