Проштална средба на претседателот Пендаровски со грчкиот амбасадор Јанакакис
Претседателот Стево Пендаровски денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Грција во земјава, Димитрис Јанакакис, со кој разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, како и за потенцијалите и можностите за нивно продлабочување по потпишувањето на Договорот од Преспа.
– Република Македонија е посветена на натамошнен развој на билатералните односи со Република Грција во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја економската соработка и трговската размена, инфраструктурното поврзување, туризмот, образовната и културна соработка, во функција на градење на добрососедство, засновано на меѓусебна доверба и разбирање, изјави претседателот Пендаровски на средбата.
Според него, како што соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски, двете земји со постигнувањето на Договорот од Преспа, покрај перспективите за развој на билатералната соработка, дале влог и за севкупната стабилност и безбедност во регионот.
Шефот на државата изрази очекување дека по членството на Македонија во НАТО, ќе продолжи поддршката од Грција во однос на аспирациите на земјата за членство во Европската Унија.
Тој се заблагодари за севкупниот дипломатски ангажман на Јанакакис, како прв амбасадор на Грција во земјава и претходно како шеф на грчката канцеларија за врски во Скопје и му посака успех во идните ангажмани
Ново на Сител
-
Мексиканската морнарица заплени 4,5 тони кокаин од шверцерски брод
-
Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино
-
Илјадници луѓе на протест во Истанбул втора ноќ по ред поради апсењето на градоначалникот
-
Има доволно крв на Трансфузиологија и апелираат да не се шири паника и апели за дарување на социјалните мрежи
-
Шпанска Амбасада: Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија, се солидаризира со жртвите од пожарот
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани
-
Полициска акција во врска со пожарот во „Пулс“
-
Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина