Проштална средба на Димитров со амбасадорката на Република Хрватска, Баришиќ
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Даниела Баришиќ.
–„Благодарани сме на пријателството, ентузијазмот, искреноста и посветениот однос кон нас, истакнал министерот Димитров, посакувајќи и на амбасадорката Баришиќ среќа и успех во следните професионални предизвици.
Истовремено, министерот Димитров се заблагодарил за силната и безрезервна поддршка што во континуитет е упатувана од Република Хрватска за европските и евро-атлантските интегративни процеси на Република Северна Македонија, дотолку повеќе што токму Хрватска беше меѓу првите земји-членки кои го ратификуваа пристапниот Протокол за НАТО.
На средбата, на амбасадорката Баришиќ и беше врачена благодарница за нејзината посветеност и придонес во продлабочувањето на македонско – хрватското пријателство.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги

