Проширувањето на дневен ред на Самитот на ЕУ вечерва, Франција не попушта
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја утврди агендата на дискусиите на дводневниот Самит на ЕУ. Проширувањето ќе се разговара за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор пред малку.
Според висок функционер на Европската Унија инволвиран во подготовката на самитот, Франција засега не покажува знаци на флексибилност, но претседателот Доналд Туск е решен да се обиде да постигне компромис. Сепак, предупредува овој извор, ризикот да не се дојде до договор е реален и не треба да се потценува.
Доналд Туск бил во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон кој му кажал дека нема промена на неговиот став, порачуваат во ЕУ. Франција исто така не сакала воопшто да се разговара за проширувањето на самитот, но Туск смета дека темата мора да се отвори затоа што во прашање е кредибилитетот на ЕУ на Балканот и пошироко.
– Да не се отворат преговорите со Македонија и Албанија би била грешка и прашањето не е што мисли Европската Комисија или што мислат земјите членки, туку прашањето е да се постигне консензус. Дипломатите стравуваат дека може на самитот да се повторат гневните дебати на оваа тема што ги видовме на министерско ниво, вели висок дипломатски извор на брифинг со новинарите утрово.
Од Брисел истакнуваат и дека ако се дојде до компромис почетокот на преговорите нема да се случи пред 2020-та година.
Што се однесува до Франција, нејзиниот став, според овие извори, е дека е потребна реформа на методологијата на преговорите за членство, но дипломатите потврдуваат дека Париз дури сега го става на маса овој предлог, а не кога започнаа дебатите во јуни минатата година.
Сепак, се чини дека има доста широк консензус кај другите земји дека е прифатливо да се размислува за промена на методологијата, но и дека тоа не треба да ги држи во заложништво земјите кандидати.
Од Доналд Туск се очекува на маса да ги стави и Скопје и Тирана. Според него, тоа е најдоброто решение, но, иако не е кажано експлицитно, раздвојувањето на земјите може повторно да биде предложено вечерва и од Туск.
– Се согласувам дека Македонија направи неверојатни работи со промената на името, одговара дипломатот на прашањето за можно раздвојување.
Ново на Сител
-
Претреси во Скопје, пронајдени дрога, оружје и муниција
-
2164 сообраќајни прекршоци изминатите три дена на територија на цела држава
-
Буџетот на Србија во дефицит од 665 милиони евра
-
Си: Белорусија е вистински пријател на Кина
-
Соработката меѓу македонската и грчката полиција во фокусот на средбата Малиос – Јанев во Атина
-
Приведен 65-годишен скопјанец за поседување пиротехника без документација
-
Во Кисела Вода почна Skopje Street Food Festival – #Burgerology vol. 2
-
Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба