Проширување на крстосницата на улиците „Благоја Стефковски“ и „Жан Жорес“
Екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска почнаа со проширување на крстосницата на улиците „Благоја Стефковски“ и „Жан Жорес“ во населбата Маџари. За реализација на овој проект Град Скопје ќе одвои околу 4,5 милиони денари. Градежните работи се очекува да завршат за околу два месеци.
Градежните работи ги означија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП „Улици и патишта“ Синиша Ивановски.
- Оваа крстосница со години претставува црна сообраќајна точка на која секојдневно се создава голем сообраќаен метеж и се формираат колони возила, особено при вртењето во лево кон населбата Ченто. Улицата „Благоја Стефковски“ при влегувањето во крстосницата ќе се прошири и ќе се формира посебна лента за вртење во лево и посебна лента за движење право, од двете страни на крстосницата, рече Трајановски.
Новопроширениот коловоз во крстосницата ќе биде на површина од околу 1.200 метри квадратни. Со овој проект, како што рече, ќе се овозможи растоварување на сообраќајот на оваа крстосница, ќе се скрати времето на патување и ќе се придонесе за заштита на животната средина.
Трајановски апелираше до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на оваа крстосница и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Во текот на градежните работи за проширување на крстосницата меѓу улиците „Благоја Стефковски“ и „Жан Жорес“ на терен ќе се направи ископ, ќе се вгради тампонски слој, новопроширениот коловоз ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација. По проширувањето на крстосницата ќе се уредат и тротоарите.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција