Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја проширува истрагата за случајот со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, познат во јавноста како случајот со ботоксите, при што се осомничени уште четири лица.
Како што соопшти Обвинителството, во рамки на истражната постапка вчера биле извршени претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи. Во акцијата биле приведени три лица, меѓу нив и двајца лекари.
Врз основа на обезбедениот доказен материјал, јавниот обвинител донел Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Тројца од осомничените се гонат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека четвртото лице е осомничено за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.
По предлог на надлежниот јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на сите четворица осомничени им определил мерки на претпазливост.
Предметот беше отворен во април годинава, кога Обвинителството поведе истрага против 17 физички и шест правни лица поради сомнение за инволвираност во кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“.
Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуална вмешаност и на други лица.
МИА
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
