Просечни температури во август, врнежите над просекот
Температурите на воздухот во август биле во рамки на просечните за овој период, но количините на дожд во некои места се до три пати поголеми од просечните. На 8-ми август гдинава се измерени и историските вредности на дневниот максимум на врнежи на мерното место Скопје-Зајчев Рид од 93 мм дожд.
Податоците на УХМР покажуваат дека средно месечните температури на воздухот во текот на месец август во Република Македонија се движеа од 16,2˚С во Лазарополе до 26,1˚С во Гевгелија (17,1˚С во Маврово, 18,6˚С во Берово, 20,1˚С во Крива Паланка, 20,9˚С во Охрид, 21,7˚С во Битола, 21,9˚С во Прилеп, 23,1˚С во Скопје, 23,7˚С во Штип, 24,2˚С во Струмица и 24,5˚С во Демир Капија).
Средно месечните максимални температури и средно месечните минимални температури се во рамките на просечните многугодишни вредности.
Апсолутно максималните температури измерени на целата територија во државата, според УХМР, не ги надмина досегашните апсолутни вредности на максималните температури за август. Така, во Демир Капија е измерена апсолутна максимална температура од 38,4˚С, во Гевгелија 37,2˚С, Штип 37,4˚С, Скопје 36,6˚С, Струмица 36,5˚С, Прилеп 34,8˚С, Битола 34,7, Крива Паланка 34,0˚С, Охрид 33,2˚С, Берово 31,2˚С, Маврово 30,5˚С и Лазарополе 29,4˚С.
Измерената месечна сума на врнежи во август 2016 изнесува од 13 мм во Штип до 97 мм во Скопје, 19 мм во Струмица, 20 мм во Прилеп, 30 мм во Берово, 32 мм во Гевгелија, 43 мм во Охрид, 49 мм во Лазарополе, 56 мм во Битола, 67 мм во Демир Капија, 68 мм во Крива Паланка и 88 мм во Маврово. Измерените месечни количини на врнежи во Скопје и Демир Капија се три пати повисоки од просекот за овој месец, во Маврово, Битола и Охрид два пати, а во Берово, Штип, Струмица се под просекот на врнежи.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива