Бизнис
24. March 2017 - 12:42

Просечната плата во јануари 22.750 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.750 денари и била за 2,2 отсто поголема во споредба со јануари лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Информации и комуникации (9.4%), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.6%) и Рударство и вадење на камен (4.2%).

Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (32.2%), Информации и комуникации (13.0%) и Градежништво (11.7%).

Просечната бруто плата, пак, во јануари изнесувала 33.441 денари или за 2,4 отсто поголема од истиот месец минатата година.

Во јануари 2017 година, 1.0% од вработените во Република Македонија не примиле плата.