-->
-->
Пропусти во работењето кај наставници во училиште во чиј двор се случи тепачка во Неготино
-->
Утврдени се некои потфрлувања во однос на работењето на одделни одделенски раководители, кои педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Ова го покажал увидот на просветната инспекција во неготинското основно училиште “Гоце Делчев”, откако две ученички нападнаа трета во дворот на училиштето.
- Педагошката евиденција ја воделе со пропусти. Се мисли на пропусти при регулирањето на изостаноците, од страна на одделни одделенски раководители. Тие требало да достават предлог до соодветните органи во училиштето, за изрекување соодветни педагошки мерки. По извршената инспекција ќе го сторат тоа, со цел позитивно да се влијае врз однесувањето на учениците и да се постигне поголемо чувство на одговорност и спречување на негативно и асоцијално однесување, велaт за МИА од Министерството за образование и наука.
Оттаму додаваат дека од страна на училиштето ќе бидат преземени соодветни мерки за надминување на состојбите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија