Пропуските власти најавија евакуација од источниот брег на Дњепар
Проруските власти во јужна украинска област Херсон вчера објавија дека ќе започнат со евакуација на лицата со намалена подвижност од окупираниот град Каховка, дел од поширокото раселување на цивилите од источниот брег на реката Дњепар.
Русија минатиот месец го напушти западниот брег - вклучувајќи го и градот Херсон - во едно од најголемите повлекувања во војната во Украина.
Повлекувањето значи дека широкиот Дњепар сега е првата линија на војната на југот на земјата, бидејќи двете страни разменуваат жесток оган од нивните позиции на спротивните брегови.
Управата на Каховка, назначена од Русија, објави дека неподвижните луѓе ќе бидат однесени во областа Хеническ на југоисток. „Грижете се за себе и за вашите најблиски! се вели во објавата на Телеграм во која властите ги охрабруваат луѓето да се пријават за евакуација.
Пред да се откаже од Херсон, Русија евакуираше десетици илјади жители во операцијата што Украина ја опиша како присилна депортација. Властите во Херсон сега ги повикуваат луѓето да напуштат делови од источниот брег, ветувајќи им на оние што го прават тоа дека ќе бидат згрижени на друго место.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија