Пронајдено телото на спортскиот директор на Хатајспор
Безживотното тело на спортскиот директор на турскиот фудбалски прволигаш Хатајспор, Танер Савут, (48), е пронајдено во урнатините, повеќе од две недели по катастрофалните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија.
Телото на Танер Савут во вторникот го идентификувал неговиот брат според прстен на раката, а неговиот идентитет бил дополнително утврден со ДНК тест.
„Длабоко сме ожалостени од загубата на нашиот спортски директор Танер Савут. Почивај во мир наш учителу, сочувство до неговото семејство и до навивачите. Нема да ве заборавиме господине Танер. Секогаш ќе бидеш во нашите срца“, соопшти Хатајспор.
Неговото тело е пронајдено во близина на местото каде пред три денови беше пронајдено и телото на репрезентативецот на Гана, Кристијан Атсу, кој настапуваше за Хатајспор.
Савут беше поранешен турски фудбалер кој во текот на својата кариера настапуваше за Фенербахче, Гезтепе, Сакаријаспор и Аланијаспор.
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен