Пронајдено телото на детето грабнато од алигатор во Флорида
Полицијата во Флорида соопшти дека е пронајдено телото на двегодишното дете, кое беше грабнато од алигатор во одмаралиштето близу до забавниот центар „Дизни Ворлд“.
Нуркачите го пронашле телото „цело и недопрено“ без да биде растргнато, како што тоа обично се случува во вакви инциденти со алигаторите.
Малечкиот Лејн Гревс од сојузната држава Небраска, бил на одмор со целото свое семејство во одморалиштето и „Дизни центарот“.
Во вторникот, додека малечкиот стоел покрај водата на лагуната бил грабнат од еден алигатор, на шокираност од родители кои биле недалеку од детето.
Таткото се фрли во водата во обид да го спаси синот, но не успеал.
Повеќе од 50 луѓе учествуваа во операцијата за пронаоѓање на детето. Опремени со специјални сонари тие ја проверувале целата област, со мали езерца и канали, сите поврзани со лагуната Севен Сис, каде се случил инцидентот.
Медиумите во Флорида пишуваат дека нема никаков знак за забрането пливање и влегување во водата во лагуната, која е изградена за потребите на одморалиштето, но полицијата од порано потврди дека детето не било во водата, ниту некој се капел.
После трагичниот инцидент со детето, биле заробени и убиени пет алигатори, најдени во водите на лагуната.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице