Македонија
2. August 2015 - 12:08

Пронајдено момчето што се удави во вир во струмичко

Вчера околу 16,00 часот на м.в. „Пиперевско поле“ во атарот на с.Доброшинци-струмичко долж реката Турија, Димитар В.(18) заедно со уште три лица отишле да се бањаат во таканареченото место „Барата“ и по некое време истиот потонал во водата.
 
Веднаш по пријавувањето на настанот на лице место излегле Ј.О. екипи на СВР-Струмица и од ТППЕ Струмица, кои извршиле пребарување низ водената површина и околу 21,50 часот го пронашле и извадиле на површина телото на Димитар, а од страна на лекар констатирано е смрт.