-->
-->
Пронајдени се тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар
-->

Тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар беа откриени во Андаманското Море, соопштија претставници на вооружените сили во Мјанмар.
Најдени се телата на двајца возрасни и едно дете, како и спасувачки елеци, багаж и делови од авионот.
Воен авион на Мјанмар, во кој се наоѓале 104 лица, исчезна вчера меѓу јужниот град Мјелка и Јангон, соопштија властите.
„Комуникацијата беше ненадејно прекината околу 13.35 часот по локално време“, се наведува во соопштението од канцеларијата на началникот на Генералштабот.
Во спасувачката операција учествуваат бродови, авиони и хеликоптери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
-

Поскапуваат горивата од полноќ, попустот од Окта веќе не важи
