-->
-->
Пронајдени деветмина мигранти во близина на Кратово
-->
Во близина на Кратово, полициски службеници вчера лишиле од слобода едно лице, откако во неговиот автомобил биле пронајдени девет мигранти без документи.
– Во текот на вчерашниот ден околу 20:00 часот во близина на Кратово, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(28) од Богданци, поради тоа што на регионалниот пат Страцин – Кратово, при преглед во неговото патничко возило „ауди А6 “, со бугарски национални ознаки, биле пронајдени девет лица мигранти без документи, а по нивно кажување, сите од Египет, соопштуваат од МВР.
Оттаму посочуваат дека лицето било приведено и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека мигрантите ќе бидат префрлени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија и Прифатниот центар за странци „Гази Баба” во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива