-->
-->
Пронајдени 12 мигранти во „Лада нива“ на патот Гевгелија-Смрдлива Вода
-->

На регионалниот пат Гевгелија-Смрдлива Вода, синоќа околу 23:50 часот од страна на мешовит полициски патролен тим, при контрола на возило марка „Лада Нива“ без регистарска ознака пронајдени се 12 мигранти и тоа 11 од Сирија и еден од Ирак.
Како што соопшти денеска МВР, возачот успеал да побегне. При извршен преглед на возилото, помеѓу седиштата се пронајдени гевгелиски регистарски таблички, сопственост на Ѓ.Ѓ. (60) од село Стојаково. Мигрантите и возилото, стои во соопштението, се донесени во ПС за ГН и ГП„Богородица“-железнички премин за понатамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
