-->
-->
Пронајдена уште една жртва од поплавите во БиХ, бројот на загинати се искачи на 24
-->
Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа на Коњиц, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) се искачи на 21. Покрај 21 загинато лице во ХНК, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите.
Градоначалникот на Коњиц, Осман Ќатиќ, за сараевски „Аваз“ потврди дека 21-та жртва во ХНК е пронајдена во Бутуровиќ Поље.
Четири лица загинаа на подрачјето на Коњиц, а 17 од загинатите во поплавите се од Јабланица.
Според МВР на БиХ, се трага по телата на уште три исчезнати лица во Јабланица, и по едно во Коњиц.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен