Македонија
7. јуни 2020 - 10:38

Пронајдена неексплодирана граната од Првата Светска војна во прилепско

Вчера во 09,00 часот во СВР Битола, Ж.М. од с.Пашино Рувци-Кривогаштани пријавил дека во сопствениот двор при вршење на земјоделски работи, пронашол една неексплодирана граната кал.75мм од Првата Светска војна.

Експлозивната направа е подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.