Македонија
28. March 2018 - 13:16

Пронајдена мртва жена на улица во Скопје

Седумдесет и две годишната С.С. вчера околу 13 часот била пронајдена почината на улицата „Маџари 2“ во Скопје.

Од МВР информираат дека смртта кај жената е констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.

Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се врши обдукција.