Македонија
18. May 2020 - 10:22

Пронајдена марихуана кај 29-годишен скопјанец

Вчера во 21.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(29) од Скопје затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.