Македонија
13. April 2016 - 9:28

Пронајдена изчезната слика на Караваѓо вредна 120 милиони евра

Покривот кој протече може да му донесе вистинско богатство на членовите на едно семејство од францускиот град Тулуз, кои сакајќи да видат од каде тече вода, на таванот на својот дом пронашле слика на која e пртетставене библиска сцена на која Јудита му ја отсекува главата на Холоферн.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, најверојатно станува збор за дело на големиот италијански сликар од крајот на 16-от и почетокот на 17-от век, Караваѓо.

Првите проценки на експертите се дека сликата вреди околу 120 милиони евра. Тие тврдат дека ова е едно од непознатите и исчезнати дела на Караваѓо. Ваквата претпотсвака ја базираат на специфичната светлина на сликата, типична за овој сликар. Сликањето без корекции, со сигурната рака на авторот, како и сликарскиот материјал, ја прават сликата автетична.

Караваѓо ја прво го насликал делото Јудита и Холоферн, кои е изложен во палатата Берберини, но потоа изработил и втора слика, која се споменува во повеќе писма од периодот меѓу 1600 и 1610 година. Се претпоставува дека ова дело пристигнало во Тулуз благодарение на еден офицер од војската на Наполеон, кој е предок на соспственици на куќата во која е пронајдена сликата.

Но, иако сите експерти не се едногласни за автентичноста на делото, Лувр веќе пројави интерс за сликата, а се огласи и француската држава.

Француското Министерство за култура веднаш го прогласи делото за „национално богатсво“, со што се забранува негово изнесување од Франција во следните 30 месеци.

Сликата во моментов е подложена на бројни анализи за да се потврди автентичноста. Државата има време од 30 месеци да ја откупи, а во спротивно таа ќе може да биде слободно продадена од страна на сегашните сопственици.