-->
-->
Пронајдена дрога при претрес во Скопје
-->
Синоќа (23.05.2022), по претходно добиена судска наредба за претрес на дом, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје Единица за недозволена трговија извршен е претрес во домот на З.В.(65) во Скопје.
За време на претресот во домот пронајдени се две паковки со амфетамин, една паковка со марихуана и вага, додека при пребарување на теренот околу куќата пронајдени се пет поголеми пакувања со амфетамин и пакувања со марихуана, закопани на различни локации. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
-

Министерката Јаневска на 24. Светски образовен форум во Лондон, ќе се обрати на панел дискусија посветена на креирање политики базирани на факти
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
-

Мицкоски за законот за игри на среќа: Се става ред и дисциплина во игрите на среќа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква во Љубљана
-

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница
-

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза
