-->
-->
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-->
Во раните утрински часови пронајден е труп на местото каде се гради Мега паркот иднина во Штип. Засега не може да се утврди дали станува збор за машки или женски труп.
На оваа локација се наоѓа поранешните бунарски систем за снабдување со вода за пиење на градот Штип.
Трупот е откриен при активности на градежните машини на фирмата која е анагажирана за изградба на Мега паркот, кој треба да се простира покрај пешачката и велосипедската патека крај реката Брегалница.
Во тек е увид од страна на полицијата и јавен обвинител .
Од свр штип за МИА најавија дека повеќе детали и информации ќе соопштат во текот на денешниот ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар