Македонија
19. February 2023 - 17:09

Пронајден починат скопјанец, телото дадено на обдукција

Во СВР Скопје на 18.02.2023 во 11.30 часот било пријавено дека во семејниот дом бил пронајден починат О.А.(67) од Скопје.

Како што информираат од МВР, смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.