Македонија
12. February 2024 - 17:48

Пронајден починат скопјанец пред гаража во Кисела Вода, телото на обдукција

65 годишен скопјанец пронајден мртов пред неговата гаража во скопска Кисела Вода.

- На 11.02.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред неговата гаража на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Љ.С.(65) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.