Пронајден фосил на растение изумрено пред 15 милиони години
Биолози од државниот Универзитет во Орегон објавија дека откриле нов вид растение, кое пред 15 милиони години останало заробено во килибар.
Биолозите објаснија дека фосилот е пронајден во една пештера во Доминиканската Република, во парче килибар заедно со мноштво инсекти.
\
Фосилот на цветот од семејството Астериди, најверојатно е претходничка на лозата растенија која брои повеќе од 80.000 видови меѓу кои се и компирот, доматите, тутунот, кафето и растението стрихинос.
Килибарот е откриен уште во 1986 година, а од тогаш научниците од него извадиле повеќе од 500 фосилизирани инсекти, но малку обрнувале вниманиет на растението.
- Примерокот на цветот е многу убав, идеално сочуван и датира од времето на топлите тропски шуми, рече Џорџ Поинар, коавтор на студијата и професор на колеџот во Орегон.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството