Пронајден е Андреј од ДНК
Според неофицијални информации до кои дојде екипата на 24Инфо, Андреј од групата ДНК се наоѓа во болницата во Штип.
Семејството бара информации за Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица, член на групата ДНК, а Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК е во болница на кислородна поддршка
Еден од членовите на дуото ДНК на чиј концерт избувна страотниот пожар во дискотека во Кочани е исчезнат, а пејачот Панчо е задржан во болница на одделот за Пластична хирургија во Скопје. Од тимот на ДНК велат дека уште чекаат официјални информации за здравствената состојба на пејачот.
Според списоците објавени во јавноста Владимир Блажев, познат како Панчо од ДНК е примен на одделот за Пластична хирургија во Скопје и е на кислородна поддршка.
За неговата здравствена состојба се огласи неговата сестра Јадранка Николовска која даде изјава за порталот за порталот „Сакам да кажам“.
– Засега знам дека е вон животна опасност, има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка и е во Клиничкиот центар во Скопје. Уште не знам каде е и како се Андреј и останатите членови на бендот. Немам сила да зборувам повеќе – открива Николовска низ солзи.
Семејството на Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица, тапанар, член на групата ДНК, замолува за било какви информации за него.
Ново на Сител
-
Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените
-
Седумдневна жалост по повод трагедијата во Кочани
-
Вучиќ изрази сочуство до Силјановска - Давкова за трагедијата во Кочани: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови
-
До моментов загинати 59 лица, распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката
-
Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани
-
Пронајден е Андреј од ДНК
-
Татко си ја бара втората ќерка по трагедијата во Кочани, едната ја нашол
-
Панчо од ДНК со изгореници и на кислородна поддршка