Промовирано видео за соживотот во Струга
Во Струга има добар соживот, но понекогаш имало тенденции за предизвикување говор на омраза и меѓуетнички инциденти од лични интереси. Ова е заклучокот од видеото што вечерва беше промовирано во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“, што го реализира здружението Форум - Центар за стратешки истражувања и докуманетација во рамки на проектот за Граѓанско учество на УСАИД
Авторот на видеото Мефаил Исмаили преку деветмината соговорници, меѓу кои претставници на верските религии, муфтиството во Струга и православната црква, невладиниот секторот и Советот на општина Струга сака да покаже на кое ниво е соживотот во Струга и дали има говор на омраза.
Соговорниците кажуваат дека претставниците на религиите никогаш не биле причина за говор на омраза и меѓуетнички инциденти, туку тие биле главен штитеник и се труделе да има се подобар соживот. Обидите за да има меѓуетничка нетолеранција доаѓале од индивидуи, кои имале лични интереси, не за итереси на општеството, закчучи Исмаили.
Во изјава за МИА тој забележа дека на крај јасно е прикажана пораката од сите говорници дека Струга ќе продолжи да биде пример на соживотот на различните заедници. Граѓаните, нагласи Исмаили, треба да продолжат сами да работат да се потврди ова ниво на живеење.
Координаторот на проектот „Активни граѓани за добро владеење“ Цветанка Михајловска, посочи дека неговата цел е да ги поттикне граѓаните да станат поактивни чинители во своите општини и да се интересираат за начините како да ги решаваат локалните проблеми.
- Сакаме да поттикнеме формирање мрежи во општините и локалните самоуправи да станат потранспарентни кон граѓаните, рече Михајловска.
Ново на Сител
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност
-
Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија
-
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ