Македонија
13. May 2017 - 10:55

Промовирани „Интимни исповеди“ и „Крлушки од душата“ од Мирјанка Р. Селчанец

Во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп синоќа беа промовирани двете нови книги од прилепската писателка, Мирјанка Р. Селчанец. Претставени беа романот „Интимни исповеди“ и стихозбирката „Крлушки од душата“.

Авторката Селчанец вели дека главна темна е љубовта. - И во двете книги темата е љубов. Романот говори за една трагична љубов, која ја сонував и ја преточив во пишан збор и роман, а стихозбирката е збир од љубовни песни за сопругот, децата, пријателите, татковината, љубовта кон родниот град, бидејќи сметам дека љубовта е двигател на животот, рече Мирјанка Р. Селчанец.

Промотори на двете нови дела на Мирјанка Р. Селчанец беа Слободан Беличански и професорот Цеца Видова Трајческа.

Тања Димоска и Филип Димкоски пред присутните читаа фрагменти од најновите книги на поетесата, раскажувач и романописец Мирјанка Р. Селчанец.

Писателката Мирјанка Р. Селчанец во својата плодна творечка дејност има напишано 20 романи, четири стихозбирки, шест книги за деца, три монодрами и многу поеми и раскази.